Oсата што сакаше да биде кобра

Осата што сакаше да биде кобра

Во возилото тројца, еден вози друг дреме,
јас позади крајпатни слики опулен ловам,
собраќајот слаб повеќе недостиг на време,
олдтајмер си помислувам на брод пловам.
Возачот слуша соул но со дозвола и пуши,
ама со отворен прозор и пепелта ја тресе,
јас од што го сакам молчам дека ме гуши,
ете проблем, оса внатре од таму ни внесе.
Немав поим дека дремкото паника го фаќа,
додека таа почна по стаклото да си лази,
бубамара е викам некој поздрави ни праќа,
во себе мислам какви ли се` постојат мажи.
Дај ми ја му велам од џебот еленската кожа,
тој од страв место да бара за врат се држи,
не чекав осата ја смачкав затоа што можам,
како бивш пчелар еден убод не смее да пржи.
Возачот застана по неколку изминати метри,
за да го увериме дека осата своето го обра,
тој како неверен Тома евтини исфрла клетви,
можеби е во право тој во очите гледа кобра.
МЈ 2016 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s