Не плачи Дарија 107

Не плачи Дарија 107

Го раскопувам светот како некој алчен рудар,
во мислите си ми како најбогата светла руда,
со секој скапоцен грумен станувам помудар,
патот до него ти си, зашто не ни постојат чуда.
Не се откажувам зарад милоста што ме прати,
во мене од твојот поглед ко месечина всадена,
корени ќе ти бидам стапалките што ти ги прати,
небо во небото тајна во тајна од бога украдена.
Заминувањето остана заглибено во некоја кал,
останаа само метафорите како драги камења,
крвта место струење ми приредува концерт мал,
гулабите шумолат како ветре на твоите рамења.
Немој да мислиш дека повторно умот ми блада,
тоа убавиот ѓавол ме подучува на нова балада.
МЈ 2016

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s