Убијте го човекот во себе

Песната ја напишав по повод еден конкурс за песна посветена на бегалците во Јануари 2015 г. но не ја испратив незнам од која причина. За мене лично актуелна ќе биде секогаш а за вас, е па прочитајте ја.

Убијте го човекот во себе

Не му давајте пропусница нит мисла за азил,
сместете го во одделот за вечното чекање,
место мајчина рака бодликава жица да го мази,
пуштете му музика со две ноти само лелекање.
Чекалната офарбајте му ја во зелена алергија,
изорајте му го се до последниот шалтер подот,
едвај да посегне раце до напуштената сергија,
бегалец во себе никогаш не бакнат од родот.
Додадете му друшка пристигната сеуште жива,
со лекови во џебот подарени од бабата мртва,
да евоцира спомен како во морето уште плива,
со надеж дека тој не е денес последната жртва.
Најпосле ниту месечината му треба ниту крст,
полот и вера соблекол со несреќата во џебот,
од мртовците наследил туристички карти грст,
со пропусницата љубов ке води слатка ко лебот.
Убијте го човекот во себе може и со пинцета,
закажете му ја смртта не смее повеќе да лета.
МЈ 2015 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to Убијте го човекот во себе

  1. Пингување: Убијте го човекот во себе | bistravoda

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s