Не плачи Дарија 109

Не плачи Дарија
109.

Ти пливаш во бескрајот на уморена лага
ткаена со завесите магла и надеж спора
пропаста ја отфрлаш како пустинска тага
мислиш грешна си да талкаш таму мораш.
Со себе понесе светло и малечка ташна
широки колкови и години сосема малце
полн кофер стари писма и црвена машна
златен прстен и мало скршено огледалце.
Поиминаа години дојде на земјотрес време
во урнатините затрупана ко икона ти стана
птиците твои одлетаа плод на нечие семе
секоја нова светлост болна е за твојата рана.
Затоа тргнувај кон познатото годишно доба,
твоите дождови се тука и твојата топла соба.
МЈ 2016 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s