ЗАЈДИСОНЦЕ

ЗАЈДИСОНЦЕ

Зајдисонце за редовна мисловна терапија време,
улиците се празнат од моторната напаст полека,
во сенките на плоштадот расфрлани лушпи семе,
од фонтаната искапениот гулаб тивко сам полета.

Светилките свиснати ги намамија мушичките свои,
излозите се облекоа со виножитна блескава боја,
човекот на вагата зад аголот паричките си ги брои,
еден пајтон му пркоси на времето со црвената чоја.

Зајдисонцето на градот му е омилена перница мека,
страстите вдишуваат низ прозорците ширум отворени,
ја нема приспивната за некогаш неговата чиста река,
земете лек пред полноќ аптеките се тогаш затворени.

Горе долу градовите почнаа како близнаци да личат,
кученцатa напуштени во паркот почнуваат да цвичат.
МЈ 2016 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s