Ако се ми беше по мерка

Ако се ми беше по мерка

Ако се ми беше по мерка ќе бев градинар
тоа го прават љубовџиите
на крајот од поезијата
можеби ќе бев музичар
и ќе свирев чело
кое убаво прилега особено
ако имав икс нозе

Ако беше како што не е ќе бев
крадец на блага закопани во Исар Кале
опремен со детектор или во Зелениште со нов
робот копач

Ако се ми беше по мерка
и геометар ќе бев
ќе ја мерев по којзнае кој пат
љубовта колку е долга и податоците
онака точни до невиделина и недогледност
убаво спакувани еден по еден ќе ги внесував
во нашиот кревет под него и над него.

Ако се ми беше под ѓонија право
немаше да ме читаш
зашто ќе бев на крајот на светот
кај што нема сонце туку само ѕвезди
и ќе пишував писма ќе ти ги испраќав
по северната ѕвезда
зашто јас не сум токму и немам друга работа.
МЈ 2016 Г.

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s