КНИГОВОДИТЕЛКА ПОЕТЕСА

КНИГОВОДИТЕЛКА ПОЕТЕСА

Го слушаше гласот во слушалката
како од бунар
погледот вперен во фактурите пред неа
гледаше црни мравки илјадници и сто
лутината и навре во петиците под масата

Ја грабна ташната ја отвори
ги растури важностите сред хартиите пред неа

Блеснаа шишенцата лак за нокти
разни турпии кармини прстенчиња и мартинки
поткрепки и шнолички за мрсната ретка коса

Не, не и не
Несум јас за сметководство од утре Тие
мене ќе ми водат сметководство
/ама убаво си го размислив ова/
го грабна огледалото и си рече:
Добар ден поетесо!
Сеуште не си, возврати тоа

Книговодителката стана поетеса
преку ноќ
Не велам не умееше таа да пишува
пишуваше со се` со прсти со очи
најубави и беа песните со задникот
интерпункцијата беше невидлива
ситна како болва штиклите и станаа
нова алатка за нивно местење и разместување.
На светот му требаше еволуција за поезијата
таа стана херој првиот еволуционер книговодител.
МЈ 2014 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s