ПОЗАЈМЕН СОН

ПОЗАЈМЕН СОН

Те сонив во позајмен сон.Жива а мртва.
На лулашка детска на главата цветови
Се скинува алка веќе те гледам жртва
Во душа агониа солзи од други светови.

Запеав место плач.Со прст допрев усни
Градината од зраците на смртта блесна
Две очи ко две цреши што ти беа вкусни
низ трепки ја пишуваа последната песна.

Се се смири, твоите раце здивот и денот
Со очај стрчав, да те оживеам ќе морам
Слеп некој косач го однесе сега пленот
Во туѓ сон позајмен јас по тебе ќе горам.

Како, како од сонот излез мал да најдам
Да видам дека се ова е само смртна тага
Ил во стравот на вистината јас да зајдам
Црно сониште бегај   кажи дека се е лага.
МЈ 2016 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s