Кога те сретнав

Кога те сретнав
.
Тој ден мирисаше утрото
на конечно доаѓање и јасмин
сонцето насмеано ги бришеше
со своите зраци трепките
од ситните сребрени капки
таложени во месечевата ноќ.

Твојата и мојата насмевка
се стопија во нашите крилја
што ни ги наметна сенката твоја
што ја љубев
и сеуште ја љубам.

Полетавме еден во друг
качени на мирисот од небо
со танцот на јужниот ветер
со тивко веслање на шепотот
љубена моја
љубен мој
едно сме.

Запееја ѕвездите среде бел ден
покрај нашата сина постела
не поздравија соништата
залегнати по рабовите на нашата
перница.
МЈ 2011 г

Песнава е напишана во две верзии 🙂

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s