Ми шумоли Дримов под даскиве

Ми шумоли Дримов под даскиве
.
Јас не сум од вашиот град вечен
кај што поезијата уште една земја има
но, како да сум, песната силно ме влече
едниствено место е каде за неа нема зима.
Еве ви ја носам во плик розев
на вљубените боја
од далеку дојдов тука со ветер се возев
лавиринтот го решив и стигнав дур од Троја.

Но да ве прашам и вас, таму долу, вие
во кајчињата што високо кревате глава
мојата песна заслужува ли далеку да гние
со едно ливче барем да не си овенча слава?
Ех, таа не е како другите, испеглани, во чипки
не е ниту на париски моден креатор торба,
полна со месечини, рози, крилја или златни рипки
таа е езеро, река, јагула, плашица, наивна творба.

Ама сепак е кралица, а јас, јас сум нејзиниот слуга,
Ха, слушам таму некој нестрплив е што ќе смислам,
тука решив да ја омажам за Дримот крал на Струга,
од вас зависи дали ќе пеам или тажен ќе се кислам.

Ми шумоли Дримов под даскиве како музика моќна,
чуствувам ја слушна веста се радува како војник
кој на крајот на битката го дочекува љубата ноќна
ми припрема дар, златен, за поетот, неговиот стројник.
Ќе ми простите сега што нема да пеам долго со вас,
зад мене чекаат песни облечени во езерска тишина,
јас ќе слезам долу на кејот, со чаша виски и мраз,
ќе им ракоплескам, ќе плачам, и празнам шишиња.
Кога ќе се раздени ако мојата поезија
си нашла дом,
не ме жалете само потресете ме ако спијам
јас одново во срцево си влегувам
со расчистување почнувам на срчите од поетскиот лом.
МЈ 2011 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s