Живот скриен во огледало

Живот скриен во огледало
.
Учесник бев во раѓање на живот со љубовен допир,
Вознемирен при тоа бев ама како свеќа сум светел,
Слатко ропство и спокој дишев иако око не склопив,
Качен на врвот од бранот на зората како горд петел.
..
Потем се гледав во огледалото како сликовното ехо,
Во очите ми длаби блесок и бранува длабочина сина,
Чуден лик со израз на должник што не го платил цехот,
Пленик  станав што се раѓа во ноќта бремена од вина,
..
Сеуште сум одблесок на неспокојството по божја волја,
Се додека мермерот од времето белината не ја смени,
И ѕвездите пасат во бесконечни мора на небески полја
Срцевата крв ќе ме обликува и со нов живот ќе ме плени.
..
Живот скриен во огледало сум хранел тоа знам од дамна,
Кога љубев и страдав одблесокот секогаш беше пламнат.

Марио Јагоски 2016 гп

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s