Писмо

Писмо
.
Тој мал роман од еден, два ил повеќе листа,
убаво свиткан без болка со бакнеж влажен,
надалеку што патува и ветува надеж блиска,
испратен со татнежно срце ил поглед тажен,
пристигнува на прагот како прва птица јужна,
злокобница, аберница ил славеј што запејува,
како плач ил радосна солза насмевка кружна,
неретко сал темна мисла низ глава провејува.
..
Писмо е тоа, знае треперно прсти да ти вжешти,
рацете да ти ги исече ил нозете да ти ги скрати,
со белината ил мирисот во облаци да те смести,
пред желбата твоја да чека некому да ја пратиш.
Умее под перница да спие на плачот твој икона,
в сон да те измачува ил в скут ко ангел да дреме
ветер што чука на тапан и жолти сонливи ѕвона,
живот да ти зрачи ил до крај врз плеќите бреме.

.
Марио Јагоски 2016 гМарио Јагоски 2016 г
posted on@mario.com.mj

Image result for писмо
authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s