Опседнатост

.
Живеам во опседнатоста на заоблени страни,
шушкави гласови овошни црти  лисја свенати,
недофатливи брда спомени во облаци збрани,
со часовници и сонати потоци во срца овенати.
.
Чувствувам смртност на секое горчливо бегство,
при преместување на кожата од сенка во сенка,
со непознати мугри и туѓи сонца градам себство,
меѓу оловниот ѕид и стравот остана линија тенка.
.
Во секое време мојот бог на фотелјата е седнат,
меша карти со кралици и кралеви дрско ме гледа,
ми нуди да извлечам дама како љубовта вредна,
сомничав, со прст покажува кон небесната бездна.
..
Опседнат сум со светлината што в уста ми весла,
и припрема за шепотно патување во мојата песна.
МЈ 2016 г

Image result for black and white

 
authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s