Mозок

МОЗОК

Кога врне дожд и го слушам крешчендото врз лимот,
сакам друг живот тајно да ми започнува во некој град,
ко да сум странец во бар чиј лик се наѕира низ димот,
околу мене се некако минато и почеток, се е во склад.
Навидум ќе бидам како мачо маж,
тоа на слабиот пол некако му годи,
дупче на брадата од силениот бараж,
неминовен пат низ борби што го води.
Одважен и сокриен во сопствен блесок,
всушност само трагач по непозната трага,
со багажот полн болки фрлен со тресок
безмалку разоткриен во животната сага.
.
По талкањето низ непознати улици се будам в соба сам,
истиот оној скоро исти мозок поделен на две хемисфери,
завиткан во истите чаршави со мирис на плевел без срам,
ама сега далеку подобар во мислите со изградени солитери.
мј 2014 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s