Живеам

Живеам

Дома немам пијано
нотите немаат доверба во мојот слух
моите прсти се растенија
никнуваат тенко и високо
потем со врвовите пишуваат
песни во облаците.

Дома имам слики
што висат на ѕидовите како
буриња под водопад и во секое од нив
по некој светец со откинато уво
спремен да вплови во морето
од сончогледи.
Дома имам сувенири
аглести и порцелански
служат како равнотежа
на безначајните промени при
бришењето прашина врз книгите
во кои лежи центарот на земјата
и приказната за изгубената Атлантида.

Стонога имам дома
ја учам да чекори на еден лист хартија
да може да отвори катедра за предавање
какви се тие чекори од сто милји
а зад себе да не се остава траги
од бесмислениот живот.
Мојот дом е шума
од неродени животи и растенија
со висок свод на кој виси свод
и се така еден во друг до уточиштето
на ѕверот во ноќта
сонот.
МЈ 2016 г

Image result for van gogh slike

Ван Гог

Сончогледи

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s