Околу вратот

Околу вратот
.
Кога лежиме на постелата
во ова есенско дождливо попладне
усните ни лачат сок од
портокали
Кога се допираме
раните минати ги затвораме
на нивно место зараснуваат
луди слатки жигови

Кога се валаме
наборите од чаршафите
тетовираат лавина од мириси
на нашите бедра и пејсажи
од пустински градини
Кога танцуваме со топлината
во сликите на нашите здивови
телата ни тонат во гладта
што ги мами воздишките

Кога ја дочекуваме вечерта
пладнето златната штафета
ни ја предава како жарче
за потпалување на долгата ноќ
Во утрото прекинува дождот
остануваат неизбројаните белези
врз твојата кожа и по неколку
заспани ѕвезди околу вратот
како герданче.
МЈ 2016 г

Image result for spavanje u dvoje

mario@com.jm/mk

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s