Смртта таа глупава идеја

Смртта таа глупава идеја

Го поздравуваа птиците и пред сонот да го вјаса,
тешко заспиваше креветот му беше некако тесен,
како бумбар мајски со насмевка знаеше да укаса,
дебел во гласот правеше да бидам пердув лесен.
.
Разговори водевме за настапи и пастрмки на жар,
за нови машини и насадите од калемени лешници,
за новите плашила за птици, дронот* ко нивни цар,
за свински потколеници и селските бели пешници.
..
Неговите проблеми мои беа такаречи сосем често,
ги преврзувавме или храневме како голуби ранети,
за нас на столовите на Олимп никогаш нема место,
летавме меѓу столбовите иако не бевме поканети.
..
Но, ете, дојде и тој ден кога кулисите ќе се смеат,
а смртта таа глупава идеја некој треба да ја глуми,
актерите пореметени не ќе знаат што треба да пеат,
пријателот мој верен умира а бевме со исти думи.
МЈ 2016 г

дрон* – воздушно летало

Image result for метафизика

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s