Мојот роден крај

Мојот роден крај

Околу широката куќа
напуштено поле брадосано
се тешат еден со друг

Една стреа подава рака кон дворот
го моли да ја прегрне нежно
барем коските да не и се скршат

Бавчата разбушавена и нечешлана
тажи за своите илјадници чеда
што го красеа нејзиното лице
и ја населуваа утробата

Спроти неа високата снежна планина
го прашува езерото под себе
Зошто, зошто не се извива
чадот од оџаците
каде се сините очиња
пред кои белееам и се топам
во пролетта од милина

Се пласти тишината
спомен врз заборав
заборав врз спомен
МЈ 2016
Лично

Image result for стара куќа

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s