Знаеш

вечерва ќе те пише несоницата
се додека не ми заспие на рамово
а ти, чукни ме како врз гранка
на која се напластил првиот снег
ќе се завртам со уморни снегулки
на трепките што пропаѓаат во витлите
на зениците.
немоќен да спасувам зборови
кои непромислено се разлеале
врз твојата молба да го расчистиме
наносот што го затнал и најмалиот процеп
само ќе те прегрнам ќе станам
и ќе седнеме врз своите дланки
ќе ги читаме песните врз нив
што сме сакале да кажеме како:
многу си ми мил, мила или;
трепериш како да ти е првпат
оваа лузна ти ми ја направи
немој те молам, немој , сакам…
одеднаш го закопчуваме копнежот
ги мирисаме неискажаните зборови
и тонеме, тонеме, тонеме..
Марио Јагоски
2016г

Image result for Brian Kershisnik

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s