Постхроно

Постхроно
.
Знаете, мангуп сум,
заровите ми тежат повеќе од вашите
не ми подметнувајте
не ме седнувајте на крстосница
од ковани фалсификовани монети
моите се усвитени и топат мраз
при падот во душата и очите;
секогаш ги детектирам сребрениците
антиподите и оксимороните
зашто кружам на крилја кои не слетуваат,
висините ми се отпечатени во сите нијанси
на измамата.
И ти сону мој
што си се ујдисал со претскажувањето
ќе те предадам на светлоста
џелатот твој
нека те обеси високо
во витражот од нерешителната
љубов.
Се качувам се повисоко и подлабоко
да зафатам од постудените сини води
таму ја гасам жедта.
МЈ 2016 г

Image result for Brian Kershisnik

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s