Земјотресна песна

Земјотресна песна

Ти црна земјо таму долу што се тресеш,
сонот скарлетен гневно што ми го апеш,
зарем погача за  задуша ќе ми  замесиш,
кори влечеш, дај боже прсти да скапеш.

Зарем не остаре не си скаменета, слепа,
малце ти се поети и месечини заљубени,
во темнината танцуваш со црвите а сепак,
мирно спијат бикот и керберите излудени.

Не замислувај татнежот твој е музика наша,
еден ден нашите души ќе мораш да ги лечиш,
биди спокојна и мирна не туку претај со маша,
не расфрлајне ко на жарта костени да печиш.

Од секогаш ко и сега ние сме биле само твои,
не танцувај нека денот суден во тебе не вброи.
2016 г.
Марио Јагоски

Image result for kerberos

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.