Го паметам

Го паметам
Сега почива во котлината на сеќавањата
Таму каде што се поти и не се наоѓа
Таму каде што лагуната од песни е проѕирна
Каде што отровот не делува како тука
Каде бестрашноста е капетан
Таму каде ниедно сонце не заоѓа.

Го паметам
Црните облаци во бело ги боеше
На белото закачуваше лампиони, скалила
Лифтови рингишпили и зоолошки градини
Прељубници верници петунии и петиции
Сега на распослано небо слуша вечна миса
Пее и трча ко дете низ сините небесни падини.

Го паметам
Како патувачки тестамент на не закажана смрт
Дарител на балади за музичките ѕидари
Сценски свештеник за проповедтта четириаголна
Голтач на срца свиени во животниот Вавилон
Крал, крал на сценската елита неимари.

Марио Јагоски 2015 г.

Авторизирано

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.