Ми се случува

Ми се случува
.
Да залајам на себе
просторот околу мене да го гризнам
притоа да скршам дел од мислата
немоќно да гледам како лета
не е можно велам, од болка
не сакам да признам.

Да залајам
како волк на маесечината
со фантомска песна низ тунел што ечи
на морето ѕвезди судија да им бидам
што недава една
од студенилото да ме лечи.

Од далеку понекогаш
го слушам плачот на оргулите
сувите трски во барата што ги дарува
свиени од битките со бранот
тогаш ноќен крадец станувам
со песната кучешка царувам.

Марио Јагоски
2016 г

Image result for covjek i pas crtez

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.