Само на дофат

Само на дофат

Ми тежиш на рамото
можеби треба така
во заеднички чамец сме
на друга страна од кормилото
далеку а само на дофат на рака.

Пловиме како накривен облак
зад себе што влече небесна школка
без ветер без ехо речиси празна
но со плач студен ќе разлее солзи
врз кормилото сина молња
за казна.

Крени глава
зар немам друго рамо
за судбина и тоа сега моли
за веслата непостоечки да се фатам
страдњата да ги одминам вешто
корените на бескрајот да ги скратам.

Од разденување до квечерина
пловидбата да трае
со уморни рамења свиснати од болка
до непознат водопад
без кормило кај животот сака
зашто далеку е
само, само на дофат на рака.

Марио Јагоски 2016 г

Image result for the old man and the sea drawing

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.