БУЧАВА

БУЧАВА

Во градов во кој живеам, бучавата се поматна,
луѓето се машини, брмчат, кошмар  ноќ груба,
ечат телефони чиниш од билбордските платна,
ѓаволска музика завива хиенска како од труба.
..
Мене а и вам врз занесот закана ми е лична,
да беше пој на јужни птици во расцутени јата,
прва пчелна, нежна, ко в пролет ластовичика,
симфонија од ветрот во тополите што се враќа.
..
Да сум некој  познат уметник славен или голем,
таен и загадочен со волшебна рака како Шагал,
во синилото на чичакот да ја скртотам со полен,
да ја снема во молк траен барем еден век мал.
..
Се раширила ко плевел и во зениците ми вреска,
бодина, черечи мисли зад секој агол се до бескрај.
.
Марио Јагоски 2016 г

Image result for krik

Авторизирано

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.