ВЕРЗИЈА НА ОДРАЗОТ

ВЕРЗИЈА НА ОДРАЗОТ
.
Кога во најмала рака иднината моја ја гледам,
не сум праведник или во принципи да се давам,
со надеж како обилен ручек иднината ja следам,
автономен и во втор план фрлам се што правам.
..
Во утрото почнувам со некои невредни трагања,
дали денот ќе е убав љубов ил раскин ќе донесе,
ќе се прогонуваме или ќе паѓаме, со запомагања
низ ходниците на умот некој ѓавол ќе ме однесе.
..
Во секој случај како одраз на времето верзија сум,
на се она што не е лишено од сегашноста да проба
патување со романса дело на око ил возвишен ум,
бегање во аритметички метафори во било кое доба.
..
Свесно сум изгубен во географијата со уличен сјај,
зашто за лутањето без компас никогаш нема крај.

Марио Јагоски 2016 г

Image result for mark sagal gogh paintings

Mark Sagal

Авторизирано

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.