Да бидам мрак преку мракот

Да бидам мрак преку мракот
.
Чувствувам пламен
одвнатре ми го гори суровото
јас нешто чекам како да е важно
мислам само ќе згасне
нема поента свршено е со неговото.

Животологија
Опасна болест
Се лечи само со инфицирање,
со вирус на акутен реализам.
Тогаш нема мир тишина нема,
мимиката и приземјувањето
се ти зема.

Почнувам да барам други очи
на тенка нишка што ќе висат
други две неупотребени крила нови,
ден што не умира одвнатре
недогледно море за души
брод низ суштината моја што ќе плови.

Уште еднаш средба сакам прва
првото прашање првпат да го поставам
на север да бидам,
да бидам на исток
да бидам мрак преку мракот
мртов нека сум само да ја видам.
МЈ 2014 г

Image result for art painting gallery

avtorizirano

 

 

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.