Не е лесно со првите стихови

Не е лесно со првите стихови
.
Не не е лесно да пишуваш стихови први
не им го знаеш ни името ниту висината,
можеби некој е гнил и лигав полн со црви,
ќе лази и ќе започне да ја гризе белината.
Ништо не знаеш, што ако се од запаливите,
избегани од некој арсенал за пиротехника,
или летале на крилата од осите под сливите,
од чија комина под казанот ракија ќе блика.
Ако претерувам вие кажете можеби грешам,
што ако се опушоци паднати на моја тераса,
оваа енигма денес не би сакал да ја решам,
ќе ги пуштам низ хартијава ко срни да пасат.
Ако промоцијата нивна е слатка како торта
ниеден не ќе заврши во мојата стара корпа. .
Марио Јагоски 2016 г

Image result for addams family

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s