Ајде биди песна

Ај биди песна во мене

Прошетај низ мојот ум
ангели и ѓаволи ќе те нападнат

Одлетај со моите очи во твојот поглед
сите шуми и врвови дом ќе ти станат

Засечимиго сеќавањето на тебе во мене
во градиве ќе се населат волци и ластовици

Отворимиго срцето после животот раскопан
понорница пресушена ќе најдеш
до таму е


Тебе месечините ти плетат плетенки
јас платно ти купувам за твојот ѓерѓеф
да ги извезеш моите снегови

Мојата кожа се капе во твојата тишина
ти пеперутките со нив ги посипуваш

Тебе јоргованите во есента ти зачекориле
мене времето меѓу врбите ме распнува

Каде ли вака грми


Те чувствувам во грлово

Ми ги подредуваш светлините во оково
заспано во аголот на моето избрчакано лице

Ме правиш од моите сенки на ѕидот
ги љубиш мирисите од празните кошули
што се сушат на пламенот од исток

Зарем повторно со истиот жар
во градиве да те свијам
да не можам никогаш да заспијам.

МЈ 2014 г.

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s