Желки сме

Желки сме

Се сретнавме а можеби и не, важно е Да,
Под небово таа и јас желки сме и лазиме,
Ги населуваме годините со по две во една,
Од штркови непоканети многу се пазиме.

По некојпат се будиме на месечина качени
Одвај, фатени за корен од лилјан слегуваме
Таа за крајот јас за почеток и така измачени.
Не ретко се случува таму и да сме летувале.

Мозокот ни одмора врз тетоважите во душата,
Имаме и ветер клетвите што ни ги развејува,
Нишалка за песот наш во дворот под крушата,
И зарипнат гавран со песна што не засмејува.

Зборовите умни на виолинска жица ги бесиме,
Утрото безгласните со чаршаф ќе ги истресиме.
МЈ 2016

Image result for Inch

authorized

 

 

 

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s