Гласини

Гласини
( О слухах )

За многуте гласини ушите се затворени,
Озборувања ко молци си голтаме,жално,
Еве за поскапувањето врати се отворени,
Облеката и алкохолот скокаат, ама стално.

Ко безглави што скокаат по дома мувите,
Беззаби баби си ги пренесуваат со думите.

-Слушај, слушна? Под земјата град градат,
Демек. Ако случајно има нуклеарна војна,
Слушнавте? Заклучен в бања секој ќе страда,
Засекогаш. Веста е точна верна дури двојна.

Ко безглави што скокаат по дома мувите,
Беззаби баби си ги пренесуваат со думите.

Знаете вие? Мајчините се не` снимаат!
Демек. Бунтовникот со неморал што се дичи!
Само зол комшија попат со себе го примаат,
Затоа што тој на лошиот Берија најмногу личи.

Ко безглави што скокаат по дома мувите,
Беззаби баби си ги пренесуваат со думите.

Со шепот ил со песна само си пренесуваат,
Слушнат лошиот глас звучи како хистерија,
Добрите без причина во ова не се внесуваат,
Ваквите глупости за нив се нова мистерија.

Ко безглави што скокаат по дома мувите,
Беззаби баби си ги пренесуваат со думите.

Гласините во безредија убаво искалени,
Се шират ко пожар за препреки не знаат,
Има и гласини само од гласини исткаени,
има забранети, озборувања се сепак траат.

Ко безглави што скокаат по дома мувите,
Беззаби баби си ги пренесуваат со думите.

Владимир Висоцки
Препев: Марио Јагоски
2014 г.

Оригиналот: Тука

Image result for big ear

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s