Стихови на пат кон своето мрестење

Може да се размениме со стихови
јас ги имам секакви и секаде
во очите во врвовите на прстите
најубавите на врвот од јазикот

Твоите се само за пресретнување
во прстите твои на усните во косата
во прегратките во колковите
во и околу папокот
на мојот врат и
во…во…

Нека се прелеат еден во друг
како пеперутки на свадбен лет
како лососи на патот до своето мрестење
како златни искри при првиот допир
како одговори без прашања
како ангели потопени
во златна прашина

На крајот ќе ги проголтаме
како страдања исполнети со минато
ќе ги напластиме како слатки трпки
и ќе станат ужас од песна
целата изградена од вистини
замрзнати во наборите на нашето молчење.

Марио Јагоски 2016 г

Image result for woman and man paint

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s