ШТО СУМ ТИ ЈАС ТЕБЕ

ШТО СУМ ТИ ЈАС ТЕБЕ

каде сум јас на твојот пат
на средината на испрекинатата линија
или на прашливите банкини
или во сенките на твоите стапалки
што ми оставаат трошка време
да го лепам едно по едно
врз голиве средби

што сум ти јас тебе
нит радост нит проклетство
немам лик ни збор за молба
само студен здив врз заматено небо…

на крајот што правам јас тука
кога не си мирис нит ноќ топла
кога не си мисла и празнина
кога не си веројатност
нит песна победничка
само прилика и белина
во креветот на пристрасната поезија

Заминувам и ти оставам парче мрак
во најсветлото доба од денот
на скутот да ти молчи
без дом и без патека
будно и без изгрејсонце

Марио Јагоски
2016 г

Image result for woman and man paint

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s