Cтварноста е последното место

Стварноста е последното место

Многу поети напишале
,,песна за себе,, блак, боза е
па сите им вршат обдукција
на стиховите што се стишале
/јас предност им давам на колачињата/
завиткани во масна хартија како
ова:
разбуди ја будноста
потчукни и на прозорец со птица
влези во собата со илузија
колебливо допри ја
и исчезни ако можеш…

Интимни ми се местата на кои
ги сместувам моите миленичиња
клучеви, наочари, новчаникот
дури сметките за струја и вода
и ова:
ти си мој пасворд за влез
во кориците на твојата книга
во која се сладам со убавите ручеци
приготвени од твоите слугинки
а на крајот на последната страница
со твојата вечера
од твоите мемории…

Oва е мојот портрет
што никогаш не е довршен
зашто ако тоа се случи
ќе осчезне песната
таа ,,песната за себе,,
/стварноста е последното место што го познавате/

Марио Јагоски

2016 g

Image result for Leah Saulnier

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s