Чекај песно моја

Чекај песно моја

На сите ѕидови висат стари слики
затоа што некој пред тебе ги видел
и сите тесни пукнатини парчиња боја
на непоправливите случувања
имале свое време и свој балкон

А јас само сакав да видам дали има пат
по кој мојата песна до вас ке стигне
досега невидена нераскажана
во невидена куќа на невидено дрво
покрај река невидена

Песнава со мене се подбива
недоволно ја хранам други прсти ќе бара
наводно немам инспирација
да и понудам измислени светови
опколени со измислени долини
Те молам песно незаситна
молчи
јас не измислувам љубени ноќи
јас не измислувам ново сонце
само ја читам омилената лекција
на моето срце
Сите факти ќе ти ги проврам
низ пукнатините од твоите ѕидови
само на прозорецот отворен
чекам да слета мојата
сина птица..
Марио Јагоски 2015 г

 Image result for svetska umetnost ulje na platnu
authorized
Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s