ИСТА ПОРОТА ИСТА ПЕСНА

се сомневам дека се ова
не е вистина што дишам
вие виртуелниов прозорец
и овошјево во чинијава пред мене

се некако е кристално јасно и свежо
како да е некоја прва средба прв пат
како тинејџер што првпат пробал секс
па се прашува добар ли бев…

се сомневам како се` ова да било
и топлинава во собава како ладна да е
чуствувам како стиховиве во мене гледаат
како да сум пред порота од мириси и сеќавања

почнав да се прашувам а никогаш не
зошто баш ноќва е бесмислена и отпеана
можеби нешто е блиску и алчно а јас
жнеејќи со зборот стихови не му се поклонував

имам маана како поет да сум
во молкот и во осамата смислувам прашања
а одговорите ги мелам за повторно нови
да ги пластам во маглата и допирите заборавени

што вреди и во право да сум
ако не бев тука ќе бев во друг свет
а таму ист ваков ден иста песна ист тинејџер
иста порота…
Марио Јагоски 2016 г

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s