И без очи би гледал

Се чудам како некој цеди низ заби
место зборови му паѓаат години
ако идеа му капне на плочник
израстуваат трње
и коприви

Имун сум станал
на волчји поглед
како стар шешир на нешишана глава
како старо шибје под стрмен брег
во кој се крие последното жолто цвеќе
и без очи би гледал

Своите лица најпосле
во новчаникот ги собрав
ги исправив главешкум
со испеглани грбови ги претворив во уво
утре во раната зора
едно по едно ќе ги расфрлам
низ градината
да се ситат
јасминот ружите лалињата јоргованите

Главата
таа ќе ја џитнам во водопадот
ионака веќе е празна
некој ветер ќе ја најде
ќе им ја подари на малите ветерчиња
да се играат со неа

Марио Јагоски

2016 г

Image result for world best paints

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s