НЕ МОЖЕВ ВЕЧЕРВА

НЕ МОЖЕВ ВЕЧЕРВА

можев и вечерва
песна да напишам за
неколку прашања без одговори

дали бесмртноста може да згасне без нас
за јапонското јаболко на кодексот
за чудниот лебед под мостот
дури и за каменоресците
на нашата љубов
раѓањето на смртта што ја свеле
на еден удар на длетото

можев и за искреноста
што и приличи на љубовта како диви јагоди
нанижани на грлото на мојата месечина

можев и разбојник да бидам во некој стих
каде што бесрамно
ќе сопирав зборови на нечиј пат
распослан со бедотии

но не можев не вечерва
се почесто станувам волк
морам да ги лижам своите рани
полека да ги превивам со чисти метафори

Марио Јагоски 2016 г

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s