Ти што зборуваш во мене

ТИ ЗБОРУВАШ ВО МЕНЕ

Добар ден
тебе што неброено пати
со тагата си била другарка
ти од мојот извор вода што ќе пиеш

Време е за црвената облека
испресечена со убави бели дипли
како твоите насмевки

Време е да не сфаќаат што зборуваат
зашто ти зборуваш во мене
едноставно
како синилото на твојата црна коса
како кревкоста на далечината

Моето срце
живее од претставата
за последната светилка која фрла сенка
на твоето молчење
заврти го тркалото во празнината
и погледни
на која моја песна ќе застане
Марио Јагоски
2016 г

Image result for Henri Matisse

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s