Кога ќе се самозаљубиш

Кога ќе се самозаљубиш

еден ден ќе се самозаљубиш
на усните тишината ќе ти биде леплива
ќе ти се проретчат зимите и есените
ќе вдишуваш и издишуваш пролет
но ќе се чудиш каде се невените

еден ден ќе се самозаљубиш
во ноќта низ градината ќе бараш
парче сонце во скриено цвеќе
со месечината ќе зборуваш
за ликот од сонот што го нема веќе

кога еден ден ќе се самозаљубиш
стравовите ќе ти бидат смешни
спомените ќе ти мирисаат на дуња
телото полека ќе ти станува порцелан
кршливо на првата бакнежна луња

денот кога ќе се самозљубиш
можеби се ќе биде овенато и сиво
пред тебе памучни полиња и макови
плачливи песни на есенски птици
зад тебе
парчиња огледала и скршени зракови

Марио Јагоски 2016 г

Image result for Voider Sun

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s