ЧЕКОРАМ ПОЕЗИЈА

 

Чекорам поезија
понекогаш нормално како што дишам
шлапкам со неа во уличните вирови
ја облекувам во светли мисли
им ја подарувам на осамените светилки
она што останува го ставам во расчекорот
на мојата судбина

Чекорам поезија ракописно и вкрестено
впрегната во едрата на напуштен брод
што плута во совеста на случаен ветер
и се буди растреперена на куќниот праг
во исчекување на невината иднина

Чекорам поезија
како мирисот на море длабоко во копното
да речеме како љубовно ехо на саканиот
кој недолично го прекршил ветувањето

Чекорам поезија со крик на залутан галеб
далеку низводно до изворот на реката
таму каде што се раѓаат првите мугри
каде што се пакуваат првите куфери
тешки и претешки од оставената љубов

Марио Јагоски 2016 г

AUTHORIZED

 

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to ЧЕКОРАМ ПОЕЗИЈА

  1. mario@com.mj.mk напиша:

    Хвала aleksandranm. Нису моје ал мого бих да их нацртам 😀

  2. aleksandranm напиша:

    Mario, da li su i ilustracije Tvoje, divne su

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s