модерната

модерната

велат модерната започнува утре
во неа ќе има балади со предзнак
на молскавици и насмеани војници
распуштени од љубовната војна

душите сите ќе бидат лесни
меки и нежни како памук
ќе можат да се стават во новчаник
во преградата до фотографијата
на најљубовта

миленичињата ќе имаат националност
филозофите ќе се фатат за работа
и од неа неизлечиво ќе оболат
солзите ќе поскапат драстично
вестите ќе бидат покуси и од цитат

времето ќе стане вода и ќе тече
најпосле жените во него
ќе го имаат својот рај
и ќе го напуштат копното
мирно ќе ловат мажи на поилиштето
од модерната
МЈ 2016 г

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s