Јас

 

тешко е да се пишува во јас форма
исто е како да извлекуваш чкорче
пократко за една алузија или заговор

јас станува мета на летечки имиња
кои силно пикираат врз личното
за да се престрои во редот за странци
или да исчезне

јас е сепак јако и одважно
мој најдраг пријател совршено непознат
странец што се чека на подиумот
да започне играта добродојдени во градот
вашето име молам

јас не учествува во пиесата
тоа сега не е свое
подарено е на една личност
таа е автор и негова сопственичка
додека пишував таа го вгради во своето срце

Марио Јагоски
2016 г.

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s