Нема слегување тој ден

Ќе се умориме еден ден
потпрени како шише на брегот
со срце завиткано во писмо
нечии дланки да не подигнат
на светот да не покажат

Ќе се умориме еден ден
ќе се искачиме на планината
да го гледаме нашето помрачување
на лицата ќе ни паѓа прав од пеперутки
ние ќе мислиме снег е

Нашата невиност ќе остане долу
волците ќе ја прождираат
мали капки крв ќе капат врз месечината
ние со прстите ќе ги чистиме
небаре се последните сипаници
на нашата љубов

Нема слегување тој ден на уморот
ветерот ќе не облече во брезови лисја
ќе го смени правецот ќе не смести
во редот на длабоките сенки
од најсветлите питоми ѕвезди

МЈ 2016 г

Related image

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s