Скришни места

 

Таму царуваат убавите нешта
како гласот на ѓаволот во римскиот театар
самовили облечени во месечева свила
апостоли седнати покрај рулетот на млечниот пат
и сите насмевки заборавени

Таму и сонцето навратува
со полни џебови златници
и ги распостила пред бога
за тој во очај едвај да препознае под нив
залутани модри бакнежи
од усните на некоја згасната свеќа

Зимуваат таму сите дрвја и лисици
отровните стрели на ветровите
магичните вечерни ѕвона
и сите последни денови на светот

Од таму дојде мојата љубов
што се скри во мене и се сви како мачка
ветувајќи му на срцето мое
девет животи
во безброј векови
МЈ 206

Image result for children painting

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s