Оваа ноќ

Оваа ноќ

Јас не велам оваа ноќ
зашто во сите стихови таа е полна
треперливи ѕвезди во небото со бескрај
песни од млад ветер што пее
и млада месечина во очиве што зрее

Јас незнам каде се тажните стихови
можеби исчезнале со мугрите дождливи
некои нови над небото ни кружат
во очите ни цртаат патеки виножитни
во хорот на љубовта бакнежи служат

Јас незнам од каде овој свет
наш
од секаде сонце и нов живот извира
срцето друго раѓа насекаде пламен
малата среќа расте во небото се губи
се` има и се` е разиграно што ќе допреш
се е слатко и се трепери кога некој те љуби

Сега галеби сме утрото што го најавуваат
со песна ги шиеме крилата
од росата модра усните ги миеме
за поново да се вивнеме со бранот
сонот што го крие во кој само ти и ја спиеме

МЈ
2016 30 Декември

фотографија на Mario Jagoski

athorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s