Господин Фин

 

секој ден поминувам низ тесната уличка
таква е, ама, радоснa куќите ги раздвојува
над хаубите се топлат неколку мачки
од колите паркирани пред влезовите
премрзнати, фебруар е месец во кој се војува

во двориштата расфрлани црева и гребла
по некое куче зачудено што гледа а не лае
кајсии и цреши како навредени без сенка
равнодушно зјапаат во својата сива облека
некаква бзезабност венее а надеж стенка

сонцето како немирно дете се игра криенка
влегува во дворовите со куси ракави за миг
потоа жолтее ја прочешлува мовта на базенот
од далеку се слуша првата брза помош
а црнито асфалт пред мене го менува дезенот

на крајот од улицата ги заборавам нацртите
како родител несташлуците на своите деца
влегувам во објектот небаре ме чека аспирин
започнувам со крепење на сите животни дупки
од сликар станувам костум на господин Фин

Марио јагоски
2017 г

Image result for gospodin

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s