МАГИОНИЧАРКА

 

твоите иснтрументи покажуваат
дека небото талка меѓу ѕвездите

земјата се препородува со шумолење
а ти се раѓаш во детските очи

растеш тенка и висока како слатко каење
во тенка блуза од свест желна за аплауз

цапкаш со босите нозе во незнаењето
во косата ти растат милоста и восхитот

се полниш себеси се обновуваш со тело
стануваш магионичарка на изгрејсонцето

почнуваш да учиш за утехата од мене
додека ги ковам доблеста и откажувањето

почнуваш да пишуваш за постоењето
но никаде негледам ограда и остар камен
каде што одмара искрата на денот
каде што се одмара стариот јастреб

Марио Јагоски
2017 г

Image result for gospodin

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s