Риби на небото

Риби на небото

ме раскопуваш како млада студентка
на првиот археолошки ископ
воопшто не се плашиш
дека таму можеби сум змија
јаболкото што го чува
ил твоја идна слава
а можев да бидам само ветер
во коските што ти дува

знам со себе ги носиш сите алатки
батериска лампа за осветлување соништа
розев шатор и стариот дурбин
со торба полна лименки пиво
совршен парфем кој секаде те следи
и моето јас кое само ти знаеш колку вреди

ова е зимска ноќ блескава како риби на небо
тоа ѕвездите пеат и се бакнуваат
те водат до патот на заедничкото море
да не овенча со осека и тивка плима
во тишината сега лузни сме без ехо
два датуми врежани во висините горе

Марио Јагоски
2017 г

Image result for fish oil paintings in the sky

authorized

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s