Бели ангели

Бели ангели

Бели ангели ќе пишуваат
нова азбука темницата ќе им биде
видлива и ќе го повикуваат
мојот дух да ја благослови
секоја нивна трага врз мојот ракопис
а јас за првпат ќе им чувам стража
и ќе ги предупредувам
од бесната флота на гаврани
кои ќе сакаат да слетаат врз нивниот празник
на денот на бодликавата жица
Јас во мугрите
ќе имам румени образи
девојките од градот ќе тргната кон ливадите
да собираат цветови за венчињата
во нивните коси
часовниците сите одеднаш ќе отчукаат будење
а ветерот ќе ги одвее сите сиви облаци
Да да се ќе има
и татнеж и луња ќе има
за првпат во фебруари ќе настапи Мај
МЈ 2017

Related image

 

Advertisements
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s